ФОТО | Сиена Милер со гол труднички стомак на црвениот тепих во Лондон

Фото: Инстаграм/ Marie Claire Russia

Актерката Сиена Милер го привлече вниманието на црвениот тепих во Лондон, на светската модна ревија на „Вог“ (Vogue World Fashion Show),  откривајќи го својот труднички стомак.

Сиена, која го очекува своето второ дете, ги помести границите на трудничкиот стил, покажувајќи го својот стомак во долниште на Шипарели (Schiaparelli).

Фото: Инстаграм/ Marie Claire Russia

Со темни чорапи и црни чевли со високи потпетици и необична креација, која дефинитивно беше меѓу најзабележаните на гала прославата во Кралскиот театар во Лондон.

Супермодели, актерски легенди, членови на кралското семејство и некои од најголемите имиња во јавниот живот се собраа во „Theatre Royal Drury Lane“ во четвртокот на Светското шоу на „Вог“.

На церемонијата во Лондон, покрај Сиена, беа и Рита Ора, Џоди Тарнер Смит и Вини Харлоу и прошетаа на црвениот тепих, а Викторија Бекам влезе преку задниот влез.

Фото: Doug Peters / PA Images / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот