ФОТО | Шерон Стоун се соблече гола на 66 години: Изгледа привлечно, природно и старее достоинствено

Фото: Инстаграм/sharonstone

Не е како легендарната сцена кога ги прекрстува долгите, витки нозе во филмот „Ниски страсти“, но Шерон Стоун дефинитивно крена голема прашина со нова разголена фотографија. Познатата актерка на својот инстаграм-профил сподели прилично смела фотографија на која позира топлес!

Шерон Стоун во март наполни 66 години, но фактот дека е во седмата деценија не ја спречува да ја истакне својата сексапилност и да ужива во зрелата убавина и слобода на нејзините подоцнежни години.

Холивудската дива објави гола фотографија на која е само во сино долен дел од бикини додека работи на нова слика во својот дом во Калифорнија. Се чини дека Шерон, која е аматерска сликарка, не можела да одолее на повикот на инспирација, па истрчала директно од базенот до платното за сликање.

Фото: Инстаграм/sharonstone

„Понекогаш само треба да излезам директно од базенот за да сликам“, коментираше таа на експлицитната фотографија на која ја гледаме како ужива во своето хоби со голи гради, односно само во гаќички.

Актерката покажа дека сѐ уште може да се пофали со витка линија, а притоа, како и поголемиот дел од Холивуд, не е опседната со совршенство и идеални пропорции. Јасно е дека е неоптоварена и ужива во своето тело.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот