ФОТО: Сенегалците го воодушевија целиот свет, не е заборавена легендата Папа Буба Диоп

Сенегал го слави пласманот во осминафиналето на СП 2022/фото: EPA-EFE/Rolex dela Pena

Репрезентацијата на Сенегал го победи Еквадор со 2:1 и успеа да се пласира во осминафиналето на Светското првенство во Катар.

Ова е фантастичен успех за оваа селекција, а играчите ги воодушевија сите по натпреварот откако покажаа дека немаат заборавено на големата легенда на Сенегал.

Сенегалне заборави на поранешниот репрезентативец Папа Буба Диоп, кој почина пред точно две години на 42-годишна возраст, а неговата смрт тогаш го шокираше фудбалскиот свет.

– „Вистински лав никогаш не умира“ – стоеше во натписот на сенегалските фудбалери по мечот со Еквадор.

Потсетување дека Сенегал на овој Мундијал настапува без својата најголема ѕвезда Садио Мане, играчот на Баерн Минхен.

Сенегал е првата африканска репрезенација што триумирала на два натпревари од групната фаза на СП од 2006 година кога тоа им успеа на фудбалерите на Гана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот