Фотографии направени од астронаутите за време на нивната мисија „Артемис 2“ околу Месечината - Фото: НАСА

ФОТО | Сцени што го одземаат здивот — НАСА објави повеќе од 12.000 фотографии од мисијата „Артемис 2“

Сега можете да разгледате повеќе од 12.000 фотографии направени од астронаутите за време на нивната мисија „Артемис 2“ околу Месечината, пишува „Спејс“.

Сликите опфаќаат сè,  од неверојатни погледи кон Земјата, преку фотографии од астронаутите во нивната капсула „Орион“, до импресивни снимки од Месечината и уникатната перспектива на екипажот од нејзината далечна страна. Ова се првите фотографии направени од астронаути кои патувале надвор од ниската Земјина орбита по повеќе од 50 години, прикажувајќи ја нашата планета и нејзиниот небесен сосед на сосема нов и извонреден начин.

Десетдневната мисија „Артемис 2“ започна на 1 април, при што астронаутите на НАСА – Рид Вајсман, Виктор Гловер и Кристина Кох, заедно со астронаутот на Канадската вселенска агенција, Џереми Хансен, отпатуваа околу Месечината со вселенската капсула „Орион“ наречена „Интегрити“. Екипажот успеа да испрати дел од фотографиите за време на мисијата, но поради ограничувања во преносот на податоци, НАСА мораше да почека мемориските картички физички да се вратат на Земјата за да го преземе поголемиот дел од материјалот. По нивното успешно слетување во Тихиот Океан на 10 април, агенцијата ги обработуваше сите фотографии – а сега тие се достапни и за јавноста.

Иако многу фотографии беа објавени во неделите по завршувањето на мисијата, сега НАСА објави вкупно 12.217. Можете сами да ги разгледате преку јавната архива на фотографии од астронаути. Еве неколку од највпечатливите примери.

Фотографии направени од астронаутите за време на нивната мисија „Артемис 2“ околу Месечината – Фото: НАСА
Фотографии направени од астронаутите за време на нивната мисија „Артемис 2“ околу Месечината – Фото: НАСА

Двете фотографии ја покажуваат Земјата која е претежно во темнина. Тие се направени на 3 април, додека „Орион“ се движел кон лунарниот простор.

Фотографии направени од астронаутите за време на нивната мисија „Артемис 2“ околу Месечината – Фото: НАСА

Следната фотографија е експозиција од шест секунди што ги прикажува ѕвездите гледани низ прозорецот на „Интегрити“. За да се добие сличен ефект на Земјата, потребни се неколку минути експозиција за да се забележат траги од ѕвездите. Но, „Орион“ ротирал за време на патувањето за да ја распределува топлината од Сонцето – движење што е фатено на оваа снимка.

Фотографии направени од астронаутите за време на нивната мисија „Артемис 2“ околу Месечината – Фото: НАСА

Една фотографија ја прикажува Месечината со кафеаво подрачје, речиси со боја на ‘рѓа. За време на нивната обиколка, астронаутите опишале дека забележале нијанси на кафеава, зелена и други суптилни бои на нејзината површина.

Фотографии направени од астронаутите за време на нивната мисија „Артемис 2“ околу Месечината – Фото: НАСА

На друга снимка од површината на Месечината се гледаат два мали кратери кои екипажот ги именувал. Едниот го нарекле „Интегрити“, по вселенското летало што ги чувало безбедни, а другиот „Керол“, во чест на покојната сопруга на Вајсман, која починала од рак во 2020 година.

Фотографии направени од астронаутите за време на нивната мисија „Артемис 2“ околу Месечината – Фото: НАСА

Од далечната страна на Месечината, астронаутите направиле фотографија низ прозорецот на „Орион“, на која се гледа четвртина Месечина во преден план, а зад неа мала, но светла Земјата.

Фотографии направени од астронаутите за време на нивната мисија „Артемис 2“ околу Месечината – Фото: НАСА
Фотографии направени од астронаутите за време на нивната мисија „Артемис 2“ околу Месечината – Фото: НАСА

За време на прелетот покрај Месечината на 6 април, екипажот сведочел на затемнување на Сонцето, кога тоа се скрило зад Месечината. Во тој момент, за астронаутите била видлива короната – надворешната атмосфера на Сонцето – што им овозможило ретка перспектива.

Фотографии направени од астронаутите за време на нивната мисија „Артемис 2“ околу Месечината – Фото: НАСА

На крај, на една фотографија направена по најблиското приближување до Месечината, малечката Земја се појавува зад нејзиниот раб. За време на мисијата, астронаутите од „Артемис 2“ се оддалечиле од Земјата повеќе од која било човечка мисија досега, достигнувајќи максимално растојание од околу 252.760 милји (406.773 километри).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот