ФОТО+ВИДЕО | Сара Јо емотивна пред настапот во Скопје: „Во сабота ќе пееме за тебе, мој незаменлив Панчо“
Српската пејачка Сара Јо утревечер, на 20 декември, ќе настапи во познат скопски локал, а деновите пред своето гостување ги одбележа сO емотивна објава на социјалните мрежи.
Препорачано
На својот инстаграм-профил, Сара сподели видео и неколку фотографии со Владимир Блажев – Панчо од групата „ДНК“, со кого ја поврзуваа долгогодишна професионална соработка и искрено пријателство. Панчо со години ѝ беше агент за Македонија и стоеше зад бројни нејзини настапи низ земјава, а со текот на времето нивниот однос прерасна и во блиско приватно дружење.
Сара често споделуваше моменти со Панчо секогаш кога ќе престојуваше во Скопје или кога ќе се сретнеа, а нивната поврзаност остана силна и по неговата смрт. Таа беше и една од неколкуте музичари од регионот кои во октомври дојдоа на неговиот погреб.
Два месеци подоцна, токму пред својот настап во Скопје, пејачката со длабоки емоции се сети на пријателот.
„Во сабота ќе пееме за тебе. Мој незаменлив П. Те сакам. Засекогаш“, напиша Сара на видеото на кое е на проба, додека во позадина Панчо пушта музика.
Покрај тоа, таа објави и заедничка фотографија на која се прегрнати и насмеани, како и видео снимено по еден од нејзините настапи во Македонија.

Во видеото, Сара му ја зема раката, покажува една од неговите тетоважи пред камерата и низ смеа го прашува дали е „bad boy“ (во превод: лошо момче), на што Панчо ѝ одговара: „for life“ (во превод: за цел живот).
ВИДЕО | Диво и провокативно: Новиот спот на Сара Јо ги „запали“ мрежите


