ФОТО | Руслана го предизвика Илон Маск: Стани наш спасител!

Руслана, Илон Маск
Руслана, Илон Маск/Инстаграм

Украинската „дива танчерка“, пејачката Руслана Лижичко во најновата објава на Инстаграм му се обрати на мултимилијардерот, Илон Маск.

„Те предизвикувам Илон! Употреби ја својата технологија за на Марс, овде на Земјата, да ја спасиме Украина и светот. Биди наш спасител“ – порача Руслана, во драматично видео на кое стои пред украинското знаме.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ruslana (@ruslana.lyzhychko)

Под видеото, многумина следбеници и нејзини фанови коментираат: „Би било добро сево ова да се случи“. „Објави го ова на твитер и стави го во таг неговиот профил, тој сигурно ќе го види и прочита“ – предложија тие.

Руслана во мигов се наоѓа на Карпатите, каде организира волонтерска работа, вклучувајќи подготовка на храна за луѓето. На својот инстаграм-профил редовно објавува видеа со кои крева свесност и внимание за случувањата во Украина.

Неодамна објави драматична порака во која отворено го запраша светот „Дали сакате Чернобил по вторпат?“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот