Рики Мартин / Фото: EPA/CHRIS TORRES

ФОТО | Рики Мартин пристигна во Црна Гора, ќе пее на прославата за 20 години обновена независност на земјата

Порториканскиот пејач Рики Мартин пристигна во Подгорица, каде што денеска (21 мај) ќе одржи голем концерт по повод 20-годишнината од обновувањето на независноста на Црна Гора. Неговото доаѓање предизвика огромен јавен и медиумски интерес низ целиот регион.

Исончан и насмеан, Мартин пристигна во Подгорица ден пред прославата, пишува „РТЦГ“.

– Се надевам дека ќе оставам зад себе ноќ исполнета со радост, поврзаност и прослава. Музиката има моќ да нè обедини надвор од јазикот и географијата, а мојата цел е секој да си замине со чувство на енергија, инспирација и љубов – рекол музичарот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aerodromi Crne Gore (@aerodromi_cg)


Се очекува неговите „жешки“ хитови како што се „La copa de la vida“, „Livin’ La Vida Loca“, „Maria“, „She Bangs“ и „Nobody Wants to Be Lonely“ да одекнат на Плоштадот на независноста во Подгорица, по химната и песните со локален фолклор.

– Оваа светска ѕвезда ќе биде домаќин на ексклузивен музички настан, потврдувајќи го статусот на уметник кој ги сруши јазичните бариери и стана пионер на глобалната музичка револуција за време на неговата повеќе од четири децении долга кариера.

Неговото присуство на прославата по повод 20-годишнината од враќањето на независноста на Црна Гора дава дополнителна димензија на свеченостите, истакнувајќи ја Црна Гора како место за средба на врвната уметност“ – објавила владата на Црна Гора.

Црногорските медиуми објавуваат дека има голем интерес за настапот на Мартин – апартман за еден ден со поглед на Плоштадот на независноста чини до 200 евра, а резервациите за маси во околните кафулиња се движат од 60 до 120 евра.

ФОТО | Копија на татко им – Рики Мартин „уловен“ со синовите пред концертот во Аргентина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот