ФОТО | Ретки фотографии од најубавата Југословенка во историјата: Мисицата која заврши трагично

никица мариновиќ
Фото: Профимедиа

Ако во пребарувачот Гугл напишете „најубавата Југословенка на сите времиња“, ќе добиете едно име, неколку црно-бели фотографии и приказна за една тажна судбина. Убавината на Никица Мариновиќ влезе во легендата.

Фото: Профимедиа

Никица Мариновиќ стана позната како првата претставничка на Социјалистичка Федеративна Република Југославија на изборот за Мис на светот. Во исто време и најуспешната. Во 1966 година убавата дубровчанка го освоила второто место на тој натпревар и станала прва придружничка на Индијката Реита Фарија.

Фото: Профимедиа

Снимката на која таа грациозно чекори по пистата со лентата на Југославија може да се најде и на Јутјуб, а Гугл со впишувањето на нејзиното име ви дава и неколку фотографии од натпреварот во Лондон, на кои Никица позира со други светски убавици.

Сепак, само од ретките фотографии кои одвреме-навреме се појавуваат на социјалните мрежи, може да се насети колку навистина била убава, природна и шармантна Никица Мариновиќ и зошто денес важи за најубава Југословенка на сите времиња.

„За мене убавината никогаш не била само физичка. Човек мора да има нешто во себе, некоја духовна вредност, нешто да зрачи“, објаснила таа во едно интервју од 1970 година.

 


Тогаш изјавила дека не е среќна што луѓето прават „фама“ од неа, бидејќи таа само сака „свој мир и нормален живот“.

Никица е родена во 1947 година во Дубровник, во сиромашно семејство на Драга Пепа и Перица Мариновиќ. Татко ѝ бил рибар, мајка ѝ домаќинка. Уште пред да учествува на изборот за мис, се „плетеле“ легенди за убавината на Никица – се зборувало дека таква убавица со бисерен тен и златни кадрици може да се роди само во морска пена и дека татко ѝ ја извлекол од морето со мрежа една бурна ноќ…

Сепак, нејзината судбина не била толку бајковита.

По успехот на изборот за Мис на светот, Никица се преселила во Белград. Таа позирала за списанија и споделуваше совети за модата и убавината, а наводно ја одбила можноста за кариера во Холивуд со изговор дека нема талент за глума.

 

Нејзиното срце го освои белградскиот писател и режисер Вук Вучо, со кој го добила синот Ѓорѓе. Тој брак траел неполни пет години, а вториот пат Никица му рекла „да“ на режисерот Здравко Шотра. Со него го добила синот Марк. Тој брак траел малку подолго, но таа љубов завршила во 1980 година.

А, тогаш, во еден момент, ѝ се изгубила трагата. Никица се повлекла, ги прекинала контактите, се зборувало дека се бори со депресијата, дека посетува психијатриски установи…

Во ноември 2008 година, медиумите повторно објавија нејзини фотографии, но за да објавата тажна вест – ја информирале јавноста дека Никица Мариновиќ испила смртоносна доза апчиња за спиење без да остави проштално писмо или порака од која може да се заклучи зошто се самоубила. Имала 61 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот