ФОТО | Рецепт од вештите раце на Бобе Јанкоска: Намаз од целер

Фото: Приватна архива

Јованка Јанкоска Бобе, која стои зад блогот bobesbakery.mk, фејсбук и инстаграм-профилот, е вистински кулинарски креативец – нејзините рецепти се милина и за очите и за непцето.

Бобе денеска споделува здрав и вкусен рецепт – намаз од целер.

Фото: Приватна архива

„Намазот од целер брзо се подготвува, декоративен е со златна боја, здрав и вкусен“, вели Бобе.

Фото; Приватна архива

Состојки за подготовка:

– поголем корен од целер
– јаболко
– 100 грама путер
– две сварени жолчки
– 1/2 помал кромид изрендан на ситно ренде
– сол и бибер по вкус

Фото: Приватна архива

Подготовка:

Целерот и јаболкото се лупат и се сечкаат на ситни коцки. Во тенџере се растопува путер, се додаваат целерот и јаболкото за на тивок огин да се динстаат додека да омекне целерот. Оладените целер и јаболко се ставаат во блендер, им се додаваат варените жолчки, како и ренданиот кромид, солта и биберот. Се блендира се заедно и со тоа завршува подготовката на намазот од целер. По подготовката, се става малку во ладилник, па се служи.

На здравје!

Фото: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот