ФОТО | Реалност или фантазија: Штипнете нè, го соневме ли дворот на Ферка или навистина постои? Да, постои оваа убавина!

Фото: Приватна архива

Денес разговараме со Ферка Исмаиловска, пензионерка, завршила средно економско училиште генерација 63/ 64 година, а работела како финансов книговодител.

Што се однесува до занимацијата со цвеќињата, вели дека датира уште пред да прооди и прозбори, ете оттогаш се дружи со цвеќиња.

– Мојот покоен дедо работеше во Паркови и зеленило, дворот што ни беше во Скопје, каде што е денес Универзитетот Кирил и Методиј, грееше од убавини! Сите во семејството бевме ангажирани околу одржувањето. Оттогаш е и мојата наклонетост кон природните убавини – вака ја започнува Ферка својата цветна приказна. 
После земјотресот, се преселиле во барака во Трнодол, Козле, имале голем двор со цвеќиња и градинарски култури и тука Ферка имала придонес во одгледувањето. За нејзина среќа, во семејството каде се омажила – голем двор!
– Свекрва ми беше шампионка во одгледување на цвеќиња, но и во чист двор – вели Ферка.
Меракот го наследила, и вели дека сега не би можела да функционира без цвеќиња и чиста природа.
А, многу ѝ пречат местата кадешто природата се уништува.

– Бидејќи сум од возрасната генерација, а меракот е ист, можеби сум меѓу највозрасните членови на прекрасната група … ДВОРЧЕТО …, по заслуга на основачот Александар и неговите модератори. Оттаму црпам доста совети – искрена е нашата соговорничка.

приватна архива
Дворот на Ферка се простира на голема површина, а во него, покрај цвеќиња има и простор за рекреација на внучињата и нивните другарчиња.
Затоа, на Ферка ѝ е потребна помош во одржувањето, но тука е семејството кое ѝ помага во косење, поливање и одгледување. Инаку, дворот се наоѓа во Синѓелиќ, на 13 километри оддалеченост од Скопје.
Ферка ни објаснува дека сите цвеќиња ѝ се омилени, без разлика на нивната цена и убавина, и дека не може да ги класира. Ја воодушевува и радува и најобичниот полски цвет! Сепак, разноличноста на цвеќињата и уредениот двор ѝ се приоритет.
Што се однесува до сезоната на студени денови, оваа цветна дама нема проблеми.
– Долгогодишното дружење со цвеќето ми помага кога и како да ги внесам и за нив да се грижам преку зимата. Имам цвеќиња стари и по 20 години, обновени и пресадувани – горда е Ферка.
На крај, стигнуваме до советот кој таа го дава за сите оние кои сакаат да започнат да се бават со одгледување на цвеќе.

– Мој совет за сите почетници е да почнат со одгледување на цвеќиња кои се лесни за одржување…

Целиот текст и фотографиите проследете ги ТУКА.
Извор: Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот