ФОТО | Ракометарот Никола Карабатиќ се ожени со саканата Жералдин по 15 години љубов
Никола Карабатиќ се ожени со својата долгогодишна партнерка Жералдин Пиле, со која е во врска повеќе од 15 години.
Препорачано
Среќната вест славниот ракометар ја сподели на Инстаграм, објавувајќи фотографии од свадбената церемонија.
„Господин и госпоѓа Карабатиќ“, напиша тој покрај објавата.

Парот е заедно од 2011 година, а ги запознал близок пријател на спортистот. Жералдин редовно присуствуваше на неговите најважни натпревари, а ракометарот во повеќе наврати изјавуваше дека таа е „најдобрата жена на планетата“.
Тие имаат две деца – синот Алек и ќерката Нора, а Карабатиќ често истакнува дека семејството му е најважно во животот.
Никола Карабатиќ е роден во Ниш, Србија, а уште како четиригодишно дете се преселил во Франција со семејството. Неговиот татко Бранко бил Хрват од Трогир, додека мајка му Радмила е Србинка.
„Јас сум и Србин и Хрват. Имам корени во двете земји и многу сум горд на тоа. Франција е мојата татковина, но мило ми е што потекнувам од поранешна Југославија“, изјавил Карабатиќ во едно интервју.


