ФОТО | Избрана првата црвенокоса мис на Англија: Ја тепале, ја плукале, ѝ ја палеле косата поради бојата

Фото: Принтскрин/Профимедиа

Англија има нова претставничка за избор на Мис на светот, која ќе прошета по пистата во јануари 2023 година во Њу Орлеанс.

Станува збор за 26-годишната Џесика Гејген. Оваа девојка е првата црвенокоса прогласена за најубава Англичанка во историјата на државата.


Инженерката по воздухоплоство и манекенка, која во училиште ја исмејувале и малтретирале поради нејзината боја на коса, стана првата црвенокоса Мис Англија во 94 години на натпреварот.

Џесика ги победи 30 други натпреварувачки и ја освои титулата во финалето на натпреварот што се одржа во Бирмингем. Џесика се натпреваруваше и минатата година и заврши како прва придружничка, но оваа година успеа да победи.

По победата на натпреварот за убавина, таа им рекла на новинарите дека како девојче била жртва на врсничко насилство поради бојата на косата. Како што рекла, најмногу ја малтретирале девојчињата.


– Во текот на средното училиште ме задеваа затоа што сум црвенокоса. Не го спомнав тоа на минатогодишниот натпревар бидејќи сум голем поборник за оставање негативни работи во минатото. Но, факт е дека никогаш немало црвенокосата Мис Англија“, рекла Џесика за британските медиуми.

Таа нагласила дека верува дека е важно да се едуцираат луѓето за тоа со што се соочуваат децата на училиште за да се зајакнат оние деца кои можеби минуваат низ истото како неа. Таа тврди дека на училиште ја удирале, ја плукале, па дури и се обиделе да ја запалат, а сето тоа поради нејзиниот изглед.

– Мене врсниците ме тепаа, навредуваа, плукаа и фрлаа разни предмети на мене. Едно девојче ми ја запали косата само поради црвената боја – рекла Џесика.


Иако нејзината цел оваа и минатата година беше да ги вклучи девојките во СТЕМ полињата (наука, технологија, инженерство и математика), таа сфатила, како што вели, важноста да ги претставува девојките кои изгледаат како неа.

„Сфатив дека воопшто нема многу црвенокоси на ТВ. Мислам дека би било многу добро кога би можело на таква позиција да биде некоја што е црвенокоса. Ниту минатата година немаше ниту една црвенокоса на Мис на светот. Ако победам, би можела да ги охрабрам децата кои се малтретирани поради нивниот изглед, да им дадам дополнителна сила и таа болка што ја проживуваат само поради бојата на косата, да ја претворат во дополнителна енергија“, вели убавицата.

Фото: Профимедиа

Џесика почнала да се занимава со манекенство на 18 години, а сега ќе се натпреварува за Мис на светот.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот