ФОТО: Прстенот Невен влезе во Гинис како прстен со најмногу дијаманти во светот

Фото: Инстаграм

Харшит Бансал, основачот на индиската компанија „Renani Jewels“, го потпишува овој моден детаљ украсен со дијаманти, а инспирација за основниот облик е всушност самиот цвет од невен.

Прстенот го добил името Невен, по цветот на кој наликува, а службениот назив „Прстен на благосостојбата“ е сочинет од златен круг и 12.638 бели дијаманти. Тој влезе во Гинисовата книга на рекорди, а тежок е нешто повеќе од 165 грама.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RENANI JEWELS (@renanijewels)

Харшит Бансал, кој го потпишува овој луксузен украс со ова го доби признанието за изработка на „Прстен со најмногу дијаманти на светот“. Претходниот рекорд го држеше прстенот со 7.801 дијаманти, под потписот на индиската јувелирска куќа „Hallmark Jewelers“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RENANI JEWELS (@renanijewels)

Станува збор за природни дијаманти без боја, кои се сложени во самиот облик на цветот невен, пишува CNN.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RENANI JEWELS (@renanijewels)

Авторот на овој прстен постојано работи со дијаманти, ги аплицира на нараквици од злато, а меѓу неговите првокласни парчиња се истакнуваат и ѓерданите за идиските венчавки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот