Протести во Софија за прегазеното куче / Фото: Фејсбук

ФОТО | Протест во Софија за прегазеното куче од македонскиот доктор

Стотици граѓани вчера се собраа пред Воено-медицинската академија во Софија за да изразат револт поради прегазувањето на кучето Маја од страна на докторот со потекло од Македонија, Ненад Цоневски, објави „24часа.бг“.

Иако од болницата им порачаа дека докторот е суспендиран и за него е покрената кривична пријава, собраните граѓани бараа повисока казна со паролата дека убивањето куче е исто како и убивањето дете и дека треба да се казни суровоста со која Маја е прегазена.

Цоневски е обвинет за предизвикување смрт на куче и е ослободен со кауција од 2.500 евра, изјави директорот на Државниот оддел за внатрешни работи, главниот комесар Љубомир Николов, негирајќи ги гласините дека 29-годишниот Цоневски ја напуштил Бугарија.

Протестот, насловен како „Правда за Маја“, беше поттикнат од несреќа во населбата Расадник, каде што возачот, доктор Ненад Цоневски, излегувајќи од гаража и прегазил куче кое подоцна морало да биде евтаназирано поради тешки повреди.

Военомедицинската академија претходно оваа недела објави дека привремено му забранила на доктор Ненад Цоневски, вработен во институцијата и вклучен во случајот, да ги извршува своите должности додека не се разјаснат околностите, со порака дека нема да толерираат никаква „форма на агресија“.

Демонстрантите побараа Цоневски да биде трајно разрешен.

Несреќата е снимена на безбедносна камера на 9 ноември и на неа се гледа кучето како лежи на тротоарот додека Цоневски излегувал од гаражата, го прегазил , излегол од колата да види што е, го видел животното под гумите, но сепак продолжил и го оставил на улица, истакнуваат медиумите.

Д-р Цоневски ќе одговара за „екстремна суровост кон животно“ – дело за кое во Бугарија се оди во затвор до пет години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот