Фото: социјални мрежи / скриншот

Д-р Цоневски ќе одговара за „екстремна суровост кон животно“ – дело за кое во Бугарија се оди во затвор до пет години

Доктор Ненад Цоневски, Македонецот кој работи во Софија, е обвинет за „екстремна суровост кон животно“, откако со автомобил прегази маалско куче во бугарскиот главен град, пишува „24часа.бг

Вознемирувачката снимка од инцидентот која се појави во јавноста предизвика жестоки реакции изминативе денови. На неа се гледа како Цоневски со тркалата од автомобилот гази преку кучето Маја, кое лежи на тротоарот во софиската населба Расадник. Тој потоа кратко погледнува под автомобилот и заминува.

Од Обвинителството во Софија велат дека Цоневски ќе одговара за „намерна суровост кон животно што резултирало со сериозни повреди“, но не и за убиство, бидејќи кучето било евтаназирано подоцна. Ветеринарната експертиза покажала дека кучето имало сериозни повреди на ‘рбетот и сигурно немало да може да ги движи задните нозе, но имало шанси да преживее. Кучето Маја било чипувано, но немало сопственик, па ветеринарот, по консултација, решил да го успие, пишува „24 часа“.

Ако судот го прогласи за виновен, Цоневски се соочува со затворска казна од една до пет години. Додека трае истрагата, тој е суспендиран од работното место во Военомедицинската академија во Софија. Оттаму велат дека „не толерираат никакви облици на агресија или насилство, независно кон кого се насочени“ и потврдија дека соработуваат со органите на истрагата, меѓу кои и Воената полиција, која е надлежна за софиската ВМА.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Лекар од Македонија прегази куче во Софија: Го виде под тркалото и продолжи да вози преку него

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот