ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Лекар од Македонија прегази куче во Софија: Го виде под тркалото и продолжи да вози преку него
Македонец, 29-годишен лекар на Воено-медицинската академија во Софија се соочува со казна затвор и до пет години откако со автомобил прегазил куче, маалски миленик во населба во бугарската метропола, објави kalendarnews.wordpress.com.
Препорачано
Објавени се снимки од надозрни камери кои покажуваат дека тој го гази кучето, излегува од автомобилот, го гледа згмеченото куче, се враќа во автомобилот и вози преку кучето и заминува.
Соседите од маалото кои се грижеле за кучето, за кое велат дека било мирно и старо 12 години, организираа протест со барање да бидат применети најстоги казни.
Гаражата на човекот што го прегази кучето била обоена со натпис „Убиец“.
„Како може доктор кој е одговорен за спасување животи да му го одземе животот на ’рбетно суштество. Шокирана сум“, вели жена која живее во соседството.
Соседите велат дека човекот се иселил од зградата, каде живеел под кирија, пренесуваат бугарските медиуми.
„Намерно го прегази кучето со кола. Можеби очекуваше да се помести, но е старо – 12 години старо, нема таква реакција“, рече жена што живее во блокот.


