Фото. EPA-EFE/NACHO GALLEGO

ФОТО: Протест на навивачите на Ваљадолид: Во натпреварот против Барселона ќе фрлат 60.000 банкноти со ликот на Роналдо

Реал Ваљадолид е првиот клуб што и математички го загуби прволигашкиот статус во шпанската Ла Лига оваа сезона, откако доживеа тежок пораз од Бетис со 5:1 на гостински терен. Пет кола пред крајот, тимот има само 16 освоени бодови, дури 18 помалку од спасоносната зона, што значи сигурен пат во втората лига.

Формата на Ваљадолид е крајно разочарувачка и освоија само еден бод освоен во последните 14 средби и седум последователни порази. Тимот има најмногу примени, а најмалку постигнати голови сезонава, што ја прави нивната втора полусезона една од најлошите во поновата историја на шпанскиот фудбал.

Клубот во 2018 година го презеде бразилската фудбалска легенда Роналдо Назарио, со многу ентузијазам и големи очекувања. Но, наместо стабилност, Ваљадолид доживеа три испаѓања од Ла Лига за само пет сезони, а трпението кај навивачите полека се претвора во отворено незадоволство.

Негодувањето кулминира со протест кој се подготвува за натпреварот против Барселона во сабота. Навивачите испечатиле дури 60.000 лажни банкноти со ликот на Роналдо и порака: „Роналдо, оди си дома!“. Планот е банкнотите да се поделат на сите присутни на стадионот, а во 12. минута колективно да се фрлат на терен, како симболичен чин против раководењето со клубот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот