ФОТО | Продолжува чистењето на центарот на Скопје – се „светнува“ плочникот под Камени Мост
Ѓорѓиевски во саботата вечер информираше дека е задоволен од 72-часовната „генералка“ на градот и дека службите ќе продолжат со расчистување на преостанатите мини-депонии низ Скопје, а истакна дека при оваа акција биле собрани 4.500 тони отпад
Откако официјално заврши тридневната „чистка“ на Скопје која новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски ја најави во својата кампања, екипи на едно од градските претпријатија и денеска продолжија со чистењето на градскиот центар, поточно на плочникот под Камени мост.
Препорачано

Ѓорѓиевски во саботата вечер информираше дека е задоволен од 72-часовната „генералка“ на градот и дека службите ќе продолжат со расчистување на преостанатите мини-депонии низ Скопје, а истакна дека при оваа акција биле собрани 4.500 тони отпад.
Првите 72 часа на Ѓорѓиевски – чисто Скопје и 4.500 тони помалку отпад
– Плоштадот „Македонија“ е исчистен, кејот беше целосно третиран, исто како и Градскиот парк, Жена парк и сите останати места кои во минатото беа симбол на срам за градот. Нема да дозволам повторно да ја гледаме грдата слика на валкано Скопје – изјави Ѓорѓиевски вечерва на плоштадот по завршувањето на акцијата.

Ѓорѓиевски информираше дека во изминатите денови биле изречени над 40 казни и 70 опомени за физички и за правни лица и најави дека контролите ќе продолжат, а сите оние кои несоодветно ќе го одложуваат отпадот ќе се соочат со санкции.


