Планетарно популарната манекенка Емили Ратајковски ги навикна следбениците на социјалните мрежи на своите атрактивни фотографии, но овој пат објави нешто сосема поинакво, а со тоа ги потврди и гласините дека е бремена, кои кружеа уште од август.
Емили Ратајковски е бремена, а тоа официјално го потврди и магазинот „Vogue“ кој Ратајковски ја смести на дигиталната-насловна страница од изданието.
За магазинот „Vogue“ таа го даде првото интервју и притоа раскажа за мистичноста, но и магијата на бременоста, но исто така откри и зошто не сака да го открива полот на бебето. Таа и нејзиниот сопруг наводно решиле нивното дете кога ќе наполни 18 години, само да им открие кој пол е. Иако раскажа дека тоа на многумина им звучело смешно, сепак со сопругот стојат до таа одлука, велејки дека тоа е оправдано поради новите случувања и појави во општеството.
Емили своите следбеници ги почести со уште едно видео во кое ја претстави својата бременост.