ФОТО | Принцезата Јасмин или Криси Тајген: На која поубаво и стои циркон на челото?

Profimedia
Profimedia

Американската манекенка Криси Тиген (34) беше фотографирана на улиците на Беверли Хилс во дневен изглед, но притоа носеше многу интересен накит на челото.

Имено, сопругата на музичарот Џон Леџенд (41) не дозволува пандемијата на коронавирусот да ја спречи да изгледа модерно и стилизирано.

Папараците ја фатија Криси облечена во кафеав плетен џемпер облечен преку бел фустан од тантела, а целата комбинација успешно ја надополни со кафени кожни чизми со висина над нејзините колена.

Фризурата и беше со плетенки, а притоа носеше и црна заштитна маска и се обидуваше да ја задржи физичката дистанца од другите луѓе.

Profimedia
Profimedia

Само еден детаљ на сите им привлече внимание, а тоа е накитот – цирконот на нејзиното чело кој многу потсетува на дизниевата принцеза Јасмин.

Манекенката го загуби своето бебе пред три месеци, а по големата загуба на нејзиното тело сеуште се познава нејзиниот стомак од бременоста.

Таа на својот инстаграм – профил објави фотографија на која позира во тесен, долг фустан, така што јасно се гледа нејзиниот испакнат стомак.

Instagram
Instagram

Манекенката истакна дека е тажна и дека е фрустрирана што сè уште има стомак како да е бремена, но и истакна дека нејзините деца ја прават среќна и ѝ даваат сила по големата загуба.

Ова е моето тело и јас Иако не сум бремена, секој поглед во огледало ме потсетува на тоа што можеше да биде. Не знам зошто сè уште имам стомак. Тажна сум, тоа ме фрустрира, напиша тогаш моделот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот