ФОТО | Преслатка глетка: Горан Папаз со фотографија од тројката го честиташе Велигден
Македонскиот саксофонист Горан Папаз и неговата сопруга Наташа пред повеќе од три месеци станаа горди родители на три бебиња. Оттогаш тие често постираат приватни моменти од нивните дечиња, а сега со преслатка фотографија го честитаа и Велигден.
Препорачано
Имено, Горан на својот инстаграм-профил сподели фотографија од Луна, Лазар и Лена кои лежат еден до друг и носат облека на која пишува „мојот прв Велигден“.
„Честит Велигден на сите“, напиша кратко Горан покрај фотографијата од дечињата.
View this post on Instagram
Да потсетиме, славниот музичар, кој на јавноста ѝ стана познат по ангажманот во групата „Суперхикс“, ја објави среќната вест дека ќе стане татко во август минатата година и ги покажа фотографиите од ултразвукот.
„Шансите да добиеш природна тројка биле 1 на 1.000. Ние победивме! Вака изгледа скрининг на три бебиња во меше.
П.С. Го решив проблемот со барање музичари за бенд“, напиша Папаз во описот.
Неговата сопруга Наташа се породи во декември минатата година.
ФОТО | Преслатка тројка: Горан Папаз сподели фотографија од трите бебиња кои наполнија три месеци


