ФОТО: Преку ноќ си направија скратен пат – оштетен новиот дрворед на булеварот Х.Т. Карпош во Бутел

Дел од новиот дрворед на булеварот Христијан Тодоровски Карпош во Бутел изминатово деноноќие е уништен од несовесни граѓани. Инспектори од Инспекторатот на Град Скопје се излезени на самото место и го истражуваат овој случај на уништување на градското зеленило, а кон сторителите ќе биде изречена казна, соопштија од Град Скопје на нивната официјална страница на Фејсбук.

Булеварот Христијан Тодоровски Карпош доби нов дрворед во есенската акција на Град Скопје за садење дрвја во повеќе скопски општини, која што е во тек.

дрворед бутел
Фото: Град Скопје

Град Скопје апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото засадено на јавните површини и во парковите, а кога ќе наидат на вакви и слични вандализми да пријават во Инспекторатот на Град Скопје. Само заедно можеме да го зачуваме зеленилото и да се бориме овој град да биде подобро и поздраво место за живеење, соопштија од Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот