Фото: „Амфора“

Празничен спектакл во Охрид: нуркачи ја накитија елката во езерото – настанот е посветен на децата со ретки болести

Охридските нуркачи ја продолжуваат традицијата со китењето на новогодишната елка во Охридското Езеро, а оваа акција е посветена на децата со ретки болести.

„Со традиција подолга од 20 години, нуркачите на Нуркачкиот центар ‘Амфора’, во соработка со здружението за Ретки болести со поддршка на волонтерите на Црвениот Крст од Охрид, ја поставија новогодишната елка под вода кај Заливот на Коските – Музеј на вода, симболично одбележувајќи ги новогодишните и божиќните празници,“ велат од „Амфора“ во нивната објава на „Фејсбук“.

Оваа празнична акција, велат тие, е посветена на децата со ретки болести, малите херои кои нè учат на сила, надеж и на љубов секој ден.

„Нека празничниот дух стигне до секое срце и донесе здравје, топлина и поддршка таму каде што е најпотребна. Среќна Нова 2026 година и среќни и благословени празници од длабочините на Охридското Езеро,“ порачаа од нуркачкиот центар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот