ФОТО | Правнуката на Тито го прослави 29. роденден: Сара откри зошто се откажала од познатото презиме

Сара Хас/Јосип Броз Тито/Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ Профимедиа

Правнуката на Јосип Броз Тито и ќерка на режисерката Саша Броз, Сара Хас, неодамна го прослави 29-тиот роденден. По тој повод, нејзината мајка ѝ посвети објава на Инстаграм.

„Среќен роденден љубов најголема“, напиша таа во описот на фотографијата.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ Саша Броз

Инаку, Сара талентирана сликарка и сценографка, а таа и мајка ѝ соработуваат деловно.

Татко на Сара е познатиот хрватски актер Ранко Зидариќ, ѕвездата на популарната серија „Наша мала клиника“.

Сара одлучила презимето да го замени со она на својата покојна прабаба Херта Хас, третата сопруга на Јосип Броз Тито.

– Не го земав презимето од прабаба ми само од почит кон неа, туку од почит кон две личности во семејството за кои знам дека им е бескрајно мило што барем некој сè уште го носи презимето Хас. За мене, менувањето на презимето не е никаква голема промена, бидејќи за сите секогаш сум Сара, впрочем, не е тешко да се открие чија сум – изјавила пред неколку години за „Јутарњи лист“.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Минатата година и нејзината мајка проговори на таа тема.

– Пред две години рече дека сака да се ослободи од товарот на моето и презимето на Ранко и дека одлучила да го земе презимето на баба ѝ, Хас. Јас и Ранко знаеме што значи да се носи товарот на познато презиме, татко му е актерот Крешимир Зидариќ. Ја поддржавме, бидејќи  почувствувавме дека ѝ дошло природно и дека тоа има смисла – рекла Саша Броз за „Вечерњи лист“.

ФОТО | Единствената актерка која Тито сакал да ја види пред смртта: Била светска ѕвезда, а Јованка ѝ била љубоморна

„Јованка, еве го твојот!“: Шербеџија призна дека сопругата на Тито го обожавала

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот