ФОТО | Потона јахтата на која принцезата Дијана го помина своето последно лето со Доди Фајед

Принцеза Дијана и Доди ал Фајед/ Јахта „Куџо“/ Фото: Профимедиа/ Принтскрин/Твитер

Јахтата на која Дијана, принцезата од Велс, поминала дел од своето последно лето, потона во Медитеранот.

Се претпоставува дека јахтата „Куџо“ (Cujo), некогашна сопственост на Доди ал Фајед, била продупчена откако удрила во неидентификуван предмет во близина на Болие-сир-Мер на француската ривиера.

Седум лица на бродот биле евакуирани со гумени чамци на надувување, но јахтата потонала и завршила на длабочина од најмалку 2.430 метри, и покрај обидите за спасување, пишува магазинот „Тајм“.

Последниот сопственик на јахтата бил Италијанец со куќа на францускиот брег. Во моментот кога несреќата се случила, тој се обидел и не успеал да ја испумпа водата, јавуваат француските медиуми. Втор обид бил направен со влечење, но безуспешно.

 


„Куџо“ се најде на насловните страници во летото 1997 година кога принцезата Дијана беше фотографирана на бродот во друштво на Ал Фајед. Неколку недели подоцна, тие загинаа во сообраќајна несреќа во Париз, кога нивниот автомобил удри во столб во тунелот Алма, додека бегаа од папараците.

Принцезата Дијана тоа лето беше фотографирана и на „Сокар“, јахта која тогаш беше во сопственост на таткото на Доди ал Фајед, Мохамед.

 


Јахтата „Куџо“ е изградена во Италија во 1972 година за Џон фон Нојман, бизнисмен кој своето богатство го заработил продавајќи автомобили порше и фолксваген во САД.

Тој рекол дека ја сака најбрзата јахта на светот, а италијанското бродоградилиште „Баљето“ му излегло во пресрет, опремувајќи го со два 18-цилиндрични мотори кои обезбедиле максимална брзина од 40 јазли.

Фон Нојман, по неколку години ја продал на синот на Аднан Кашоги, трговец со оружје, кој подоцна му го продал на Ал Фајед, својот братучед.

Судот откри: Британскиот таблоид обвинет за хакирање на телефонот на принцезата Дијана за време на пријателството со Мајкл Баримор

ФОТО+ВИДЕО | „Главна“: Принцезата Шарлот го опоменa својот помлад брат Луис и стана вирален хит

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот