ФОТО | Последно збогум за Шејн Мекгован: Познати музичари и бројни обожаватели го пееја неговиот божиќен хит

Фото: EPA-EFE/MOSTAFA DARWISH

Илјадници луѓе се собраа денес во Даблин за да го испратат Шејн Мекгован, член на легендарната група „Поугс“. Собрани низ улиците на градот ја пееја божиќната песна „Fairytale of New York“ додека погребната кола со телото на починатиот текстописец и пејач поминуваше покрај нив.

Меѓу другите, на последното збогување пристигнаа Џони Деп, Боно, Боб Гелдоф, Ник Кејв, кој пееше и свиреше на клавир во чест на својот колега. Неговата неутешна сопруга Викторија во солзи ја наведна главата над ковчегот, гушкајќи го.

Фото: EPA-EFE/MOSTAFA DARWISH

Погребната поворка која се собра на улиците продолжи кон Ненаг, родниот град на неговата мајка Тереза ​​каде пејачот ќе биде погребан.

Фото: EPA-EFE/MOSTAFA DARWISH

Повеќе како прослава на неговиот живот отколку како тажна комеморација, толпата млади и стари се придружија на поворката додека бендот „Артан“ со над 50 изведувачи ги пееја неговите песни, вклучувајќи ги „A Rainy Night in Soho“ и „Dirty Old Town“.

Фото: Niall Carson / PA Images / Profimedia

Инаку, ирскиот панкер со адреса на живеење во Лондон,  ја трансформираше ирската традиционална музика со неговата група „Поугс“.

Ги напиша некои од најубавите балади во 80-тите години на минатиот век, а потоа потона во зависност од алкохол. Шејн почина минатата недела на 65-годишна возраст по долгогодишните проблеми со нарушено здравје.

Почина Шејн Мекгован: Фронтменот на легендарната група „Поугс“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот