ФОТО | Поранешната девојка на Хари Стајлс провокативна како никогаш досега: Оливија Вајлд се појави со целосно голи гради

Фото: Принтскрин/ Твитер/ Olivia Wilde Daily

Филмската режисерка и актерка Оливија Вајлд, поранешна девојка на Хари Стајлс, се појави на црвениот тепих на ревијата на Ив Сен Лоран на модната недела во Париз во целосно проѕирна тесна маичка без ракави, така што градите јасно ѝ се гледаа под нежната ткаенина, пишува „Дејли Стар“.

Таа носеше темно кафеаво карго здолниште со дебел кожен ремен со храбар горен дел, а сето тоа го комплетираше со златни потпетици и пар кафеави кожени ракавици до лактот.

Секако, социјалните мрежи експлодираа веднаш штом беа објавени првите фотографии, а многумина коментираа дека ваквото објавување можеби е порака до Хари Стајлс да види што пропушта.

Оливија и Хари се разделија во ноември 2022 година, а извор близок до парот изјави за магазинот „Пипл“ во тоа време: „Тој сè уште е на турнеја и сега оди во странство. Таа е фокусирана на нејзините деца и нејзината работа во ЛА. Тоа беше заедничка одлука. Тие сè уште се многу блиски пријатели“.

Меѓутоа, други подоцна кажаа дека на Оливија ѝ било тешко да го поднесе раскинувањето: „Имаа некои проблеми, но Оливија мислеше дека сè ќе се среди. Таа е разочарана. Тоа е прилично незгодна ситуација“.

Во декември 2023 година, Оливија беше видена во друштво на филмскиот продуцент Брин Мусер, но не е потврдено дали тие се во врска или само добри пријатели. Во меѓувреме, Хари започна да се забавува со ѕвездата на „Собата за бегство“, Тејлор Расел .

Романсата на Оливија со Хари не е нејзината единствена врска за која многу се пишуваше. Таа беше свршена со актерот Џејсон Судеикис до 2020 година, а парот има и две деца заедно – синот Отис Александар и ќерката Дејзи Џозефин.

Врската завршила со жестока битка за старателство, а на крајот било договорено Џејсон да плаќа алиментација од 27.500 долари месечно и децата една недела да бидат со едниот родител, а другиот со другиот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот