ФОТО | Покрај саканиот и пријателите: Васил Гарванлиев го прослави 38-от роденден

Фото: Инстаграм - Принтскрин

Пејачот Васил Гарванлиев завчера го прослави 38-от роденден, а денес со своите следбеници сподели фотографии од интимната роденденска прослава.

Фото: Инстаграм – Принтскрин

Во друштво на неговиот партнер Џејсон Карафа и близок круг на пријатели пејачот ги дувна свеќичките од роденденската торта, славејќи под отворено небо во еден луксузен бар во Чикаго.

 

„Каква година! Ви благодарам на сите за љубовта, поддршката, пораките и за тоа што сте тоа што сте. Минатата година беше една од најважните во мојот живот и ова „избрано семејство“ е почеток на убавите работи кои допрва доаѓаат.

Опкружете се со љубов, радост и суштества кои ја гледаат светлината. Ве сакам“ – напиша Васил во описот на роденденските фотографии.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vasil Garvanliev (@vasilg)

Пред половина година пејачот сподели со јавноста дека се верил во Америка, а како што изјави за забавната емисија „Бекстејџ“ – со неговиот избраник се препознале „на прва“, а го освоил со едноставноста и со анонимноста.

„Дојдов во Америка за да го создадам албумот, но ми се случи љубов. Тој ме освои со искрениот поглед, не знаејќи кој сум. Многу често кога одам на средба, ако некој не ме знае – нема шанси да ти запејам. Тој немаше поим за ништо во врска со мене и тоа ми беше важно“ – изјави пејачот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vasil Garvanliev (@vasilg)

Кратко по неговата изјава дека е верен и дека има прекрасен партнер покрај себе, Гарванлиев на социјалните мрежи сподели серија заеднички фотографии со својот избраник.

„Двајца станаа едно. Љубовта победува. Среќен месец на гордоста. Останете верни на себе и следете ги соништата“ – напиша Васил во описот на заедничките фотографии со Џејсон.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот