ФОТО: Погребан убиениот претседател на Хаити, сопругата извикуваше „Правда, правда“ над ковчегот

Фото:. EPA-EFE/ORLANDO BARRIA

Телото на убиениот претседател на Хаити, Жовенел Моиз, беше вратено во неговиот роден град на приватна погребна церемонија со засилено обезбедување по насилните протести и стравувањата од политичка нестабилност во таа карипска земја.

Сопругата на Моис, Мартин Моис пристигна извикувајќи „правда, правда“ и се упати директно кон ковчегот каде лежеше нејзиниот сопруг. Бидејќи е со завиткана десна рака, таа ја стави левата рака на ковчегот и стоеше тивко со очи полни солзи опкружена со нејзините три деца.

Фото: EPA-EFE/JEAN MARC HERVE ABELARD

На почетокот на церемонијата во градот Кап-Хaитиен, стотици демонстранти се судрија со полицијата пред приватната резиденција. Се слушнаа истрели, а во воздухот се почувствува солзавец и црн чад. Извиците на демонстрантите доминараа над верските водачи кои зборуваа на погребот.

Пред тоа се слушаа извици „убиец“ кога дојде шефот на националната полиција на Хаити Леон Шарл. Хаиќаните облечени во темни костуми, светнати чевли и црно – бели фустани извикуваат и покажуваа со прст кој издигнатите платформи за седење каде беа сместени хаиќанските и странските официјални лица, а под нив имаше најмалку десет лица опремени со јуришно оружје.

Новоименуванито премиер Ариел Анри пристигна додека се извикуваше „Правда за Жовенел“.

Се очекува дека ова ќе биде конечна церемонија во чест на Моиз кој е убиен со истрели од огнено оружје на 7. јули во текот на напад врз неговиот приватен дом, а неговаа сопруга Мартин беше сериозно ранета.

Телото на Моиз пристигна рано утрото на имотот на семејството каде се одржува погребот. Шест официјални лица го носеа кафеавиот ковчег кадешто го поздравија во тишина пред да го прекријат со големо црвено сино хаиќанско знаме.

Фото: EPA-EFE/Jean Marc Herve Abelard

Погребот се одржува само неколку дена по поставувањето на Анри за премиер, со поддршка на клучните меѓународни дипломати. Целта на тој потег изгледа бил да се избегне борбата за власт по убиството на Моиз.

Фото: EPA-EFE/ORLANDO BARRIA

Моиз на Анри му довери мандат за состав на владата, но тој не можеше да стапи на должност до атентатот на шефот на државата. Анри го замени преодниот премиер Клод Жозеф и вети дека ќе формира привремена влада до одржувањето на избори.

Вчера избија насилни демонстрации во разни квартови во местото Кап – Аисјен.

Моиз положи заклетва за претстедател во февруари 2017 година и беше соочен со се поголема критика во текот на последните години од лица кои го обвиниле дека станува се поавторитативен. Тој владееше со декрети повеќе од година дена откако во земјата не се одржани парламентарни избори.

Властите наведоа дека се уапсени најмалку 26 лица осомничени за убиство, вклучувајќи и 18 поранешни колумбиски војници. Полицијата се уште трага по неколку осомничени за кои велат дека се вмешани во планот за убиство, вклучувајќи го и бунтовничкиот водач и поранешен сенатор.

Извор: Бета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот