ФОТО | Почина „највалканиот човек на светот“, неколку месеци по првото капење

Фото: Профимедиа

Иранскиот пустиник, кој го доби прекарот „највалканиот човек на светот“ бидејќи не се туширал повеќе од половина век, починал од природна смрт на 94-годишна возраст, објавија државните медиуми, цитирајќи го „Гардијан“.

Фото: Профимедиа

Новинската агенција Ирна објави дека „Амоу Хаџи“, што е име од милост за постара личност, починал во неделата во селото Дејгах во јужната иранската провинција Фарс.

Фото: Профимедиа

Амоу Хаџи живеел во колиба покриена со саѓи, а не се капел со вода или со сапун повеќе од 60 години. Мештаните велат дека во младоста доживеал „емоционални неуспеси“ поради кои едноставно одбивал да се капе.

Хаџи јадел месо од животни убиени на патот, пушел луле наполнето со животински измет, а не се миел бидејќи верувал дека „поради чистотата ќе се разболи“.

Меѓутоа, мештаните пред неколку месеци успеале да го наговорат за првпат да се избања. По неговата смрт, нов неофицијален рекорд би можел да наследи Индиец кој исто така не се капел голем дел од својот живот.

Фото: Профимедиа

Каилаш „Калау“ Синг, кој живее во село надвор од светиот град Варанаси, не се измил повеќе од 30 години, во обид да стави крај на „сите проблеми со кои се соочува неговата нација“.

– Тој наместо вода користи „огнена бања“. Секоја вечер додека се собираат селаните пали оган, пуши марихуана и стои нозе молејќи се на богот Шива. Тој еднаш рече тоа е како да користите вода за капење, „огнената бања“ помага да се убијат сите бактерии и инфекции во телото – објави во 2009 година „Хиндустан тајмс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот