ФОТО: По стандардите на УЕФА, се поставуваат рефлектори на тренинг центарот „Петар Милошевски“

Поставени рефлектори на Тренинг центарот „Петар Милошевски“ - Скопје според стандардите на УЕФА/фото: ФФМ

Како што објавија од Фудбалската федерација на Македонија, се поставуваат рефлектори на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Овие рефлектори за осветлување се по стандардите на Европската фудбалска унија (УЕФА) на главниот терен од тренинг центарот на ФФМ.

Со овој потег се очекува и во иднина да се организираат натпревари на клупско и репрезентативно ниво.

Овој период нашата земја е домаќин на квалификацискиот турнир (прва рунда) за пласман во следната елитна фаза квалификации за Европското првенство во Унгарија 2023.

Токму на тренинг центарот „Петар Милошевски“ младата репрезентација на Македонија до 17 години ги игра натпреварите. Потсетување дека на стартот избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ загубија убедливо од Исланд со 0:3. Вториот меч ќе го играат на 28 октомври од 14.00 часот против Франција, а во последното коло на 31 октомври во истиот термин ривал ни е Луксембург.

фото: ФФМ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот