ФОТО | По разводот, повторно заедно? Џенифер Лопез и Бен Афлек уживаа во семеен ручек
Американската музичка ѕвезда Џенифер Лопез и актерот Бен Афлек биле забележани додека ручале со неговиот син Самуел. По разводот, поранешниот пар останал во добри односи. Бен и Самуел Афлек биле фотографирани додека пристигнувале во ресторанот „Фармшоп“ (Farmshop) во Брентвуд, а потоа им се приклучила Џенифер Лопез. По ручекот, тројката отишла на шопинг, пренесува „Пејџ сикс“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Exes Jennifer Lopez and Ben Affleck reunite for holiday shopping trip with his son, Samuel https://t.co/TTXL5a0sq3 pic.twitter.com/TZVzCQgkzF
— Page Six (@PageSix) December 22, 2025
Средбата на поранешниот пар предизвика бројни реакции на социјалните мрежи:
„Среќна сум што го оставија егото настрана и се дружат поради децата“,
„Бен Афлек е неодлучен човек“,
„Веќе стануваат напорни со ова“ – се дел од коментарите на Икс.
Џенифер Лопез и Џенифер Гарнер, која исто така беше во брак со Бен Афлек, минатата недела биле забележани на школска претстава на своите деца, а таму бил и Бен Афлек.
Бен и Џенифер Гарнер беа во брак од 2005 до 2018 година. Фановите биле изненадени кога по разводот се помирил со Џенифер Лопез. Тие се венчаа во 2022 година, но љубовта не траеше и се разделија во 2025 година.


