ФОТО | „Плукната“ на татко ѝ: Меган и Хари објавија фотографии од првиот роденден на Лилибет

Фото: Профимедиа/Инстаграм

Апсолутно сè околу доаѓањето на принцот Хари и Меган Маркл со децата во Лондон било внимателно испланирано и до најмал детаљ. А, се чекаше нивното заминување за Америка за конечно да бидат објавени фотографиите од нивната ќерка Лилибет Дијана Маунтбатен-Виндзор која го прослави својот прв роденден во Фрогмор Котиџ во Велика Британија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Royal Style Watch (@royalstylewatch)


Војводата и војвотката од Сасекс, на задоволство на многубројните обожаватели, по повод првиот роденден прославен во Фрогмор Котиџ, а во текот на јубилејот на кралицата Елизабета Втора, објавија фотографија од малата Лилибет, а првите реакции на луѓето се дека малото девојче неверојатно личи на својот татко.

Веројатно причината лежи, пред сè, во портокаловата боја на косата, потполно иста како онаа на нејзиниот татко, принцот Хари, а за фотографијата позирала на тревата облечена во син фустан и со панделка во косата.

Хари и Меган одлучиле во саботата да приредат опуштена забава во градина за Лилибет, но не недостасувале балони, роденденски торти и добра забава.

Честа да ги сними нејзините фотографии му припаднала на фотографот и семеен пријател Мисан Хариман, кој исто така, бил на пикникот, а членовите на кралското семејство ги поканиле Зара и Мајк Тиндал со нивните три деца – Миа, Лена и Лукас, како и ќерките на Питер Филипс и Отум КелиСавана и Ајсла.


Пристигнал и кумот на синот Арчи на Меган и Хари, Чарли Ван Штраубензи и неговиот брат Том, кој е кум на принцезата Шарлот. За тортата била задолжена Клер Птак, која веќе ја оправда довербата правејќи ја свадбената торта за принцот Хари и Меган Маркл.

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам со своите деца, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принц Луис, како што рекол извор за „Entertainment Tonight“ не присуствувале на роденденската забава на Лилибет, бидејќи биле на претходно планираниот јубилеен настан во Велс, и „едноставно во прашање е случајност што двата настани се случиле во ист ден“.

На официјалните профили на Твитер на принцот Чарлс и Камила, како и на Кејт и принцот Вилијам осамнаа честитки по повод роденденот на Лилибет.

 

Првата фотографија од бебето Лилибет Дијана: Принцот Хари и Меган Маркл ја објавија новогодишната честитка од нивното семејство

„Протокол си е протокол“: Принцот Хари и Меган успешно ги „избегнаа“ принцот Вилијам и Кејт

ФОТО | Кејт Мидлтон повторно покажа скромност: Со стајлингот ѝ оддаде чест на принцезата Дијана

Меган и Хари на ручек кај кралицата, конечно ја запознала малата Лилибет

 

Видео на денот