Првата фотографија од бебето Лилибет Дијана: Принцот Хари и Меган Маркл ја објавија новогодишната честитка од нивното семејство

сасекс
Фото: Принтскрин / Instagram

Празничната честитка во Сасекс е тука и на неа е целото семејство: мама и тато – Меган Маркл и принцот Хари – како и нивните две преслатки деца, 2-годишниот Арчи Харисон и бебето Лилибет, родена на 4 јуни оваа година.

Фотографијата од семејството е направена во текот на летото од фотографот Алекси Лубомирски во нивниот дом во Санта Барбара, Калифорнија.

Слатката семејна фотографија ја портретира Меган како во рацете кренато во вис ја држи насмеаната ќерка Лилибет, а Хари насмевнато ги гледа додека со едната рака го прегрнува малиот Арчи, кој очигледно ја наследил црвената коса од принцот.

„Оваа година, 2021, ѝ посакавме добредојде на нашата ќерка, Лилибет, на овој свет. Арчи не’ направи „Мама“ и „Тато“, а Лили не’ направи семејство“, напишаа Меган и Хари на самата честитка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Team Rubicon (@teamrubicon)

Фотографијата од картичката прво беше споделена со тимот Рубикон, а претставува директно поврзување со организации и институции кои се во интерес да допринесат за целта на семејството од Сасекс за помош на американски семејства.

„Со нетрпение ја очекуваме 2022 година, дониравме во ваше име на неколку организации кои ги почитуваат и штитат семејствата – од оние кои се преселени од Авганистан до американските семејства на кои им треба платено родителско отсуство“, продолжува честитката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Royal Style Watch (@royalstylewatch)

Честитката посочува на Тимот Рубикон, „Welcome.US“, „Human First Coalition“,  „Humanity Crew“; „Paid Leave For All“; „PL+US“; и „Marshall Plan for Moms“, за донациите кои се направени од фондацијата Арчибалд посветена на нивниот син.

„Ви посакуваме среќни празници и бериќетна Нова Година, од нашето семејство до вашето! Како и секогаш, Хари, Меган, Арчи и Лили“, завршува божиќната честитка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Royal Fab Four 👑 (@royal.fabfour)

Хари и Меган внимателно ја чуваа приватноста на своите деца откако се преселија во Соединетите држави во март 2020 година. Тие успешно ја тужеа папарацо агенцијата за снимка од дрон од нивниот син, Арчи, во домот каде што прво престојувале во Калифорнија, добивајќи спогодба и извинување компанијата која ги направи фотографиите и ги стави на располагање на продажба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Meghan & Harry (@the_tig_mm)

Во интервјуто на двојката со Опра Винфри во март, Меган зборуваше за тоа колку била исплашена да се фотографира со Арчи пред светскиот печат веднаш по неговото раѓање, на начинот на кој нејзината снаа постапила со секој од нејзините три бремености.

Хари и Меган, кои не се повеќе членови на кралското семејство кои се во работна функција, успеаја да ја држат својата ќерка подалеку од медиумите во првите шест месеци од нејзиниот живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот