Меган и Хари на ручек кај кралицата, конечно ја запознала малата Лилибет

Фото: Инстаграм

Кралицата Елизабета Втора наводно конечно ја запознала својата правнука Лилибет Дијана, ќерката на принцот Хари и Меган Маркл. Оваа вест ја откри кралскиот коментатор Омид Скоби, кој е пријател со Меган и Хари, во емисијата „BBC Breakfast“. Омид многумина го нарекуваат и неофицијален портпарол на Меган.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BABE MAGAZINE (@babemagazinemx)


Тој вели дека Меган и Хари ручале со кралицата и постарите членови на кралското семејство зад затворени врати како дел од прославата на платинестиот јубилеј. Потоа, на кралицата ѝ ја претставиле малата Лилибет по завршувањето на свечената парада.

„Мислам дека луѓето очекуваат некој вид голем екстравагантен настан, од кој ќе видиме фотографии. Но, како што ми беше кажано, не треба да очекуваме ништо. Тие моменти со Лилибет се многу приватни помеѓу нив и кралицата и, секако, знаеме колку таа се радуваше на тоа“, раскажал Скоби.


„Ги попречуваше пандемијата. Се разбира, Хари беше тука во тешките моменти за семејството, така што ова беше првпат. Знаеме дека кралицата вчера се врати во замокот Виндзор, каде што дојдоа Меган и Хари, кои во моментот престојуваат во Frogmore Cottage. Значи, тоа беше првата можност за кралицата да ја запознае својата имењачка“, додал тој.

Меган и Хари ја крстија својата ќерка по прекарот на кралицата од детството. Лилибет, инаку, оваа сабота го слави својот прв роденден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DNARoyals (@dnaroyals)

Потсетуваме, дека кралицата деновиве слави платинест јубилеј, односно 70 години на власт.

ФОТО | Кејт Мидлтон повторно покажа скромност: Со стајлингот ѝ оддаде чест на принцезата Дијана

Започна четиридневната прослава: Кралицата Елизабета слави 70 години на британскиот трон

ФОТО | Кејт Мидлтон повторно покажа скромност: Со стајлингот ѝ оддаде чест на принцезата Дијана

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот