ФОТО: Пендаровски го прими хуманитарецот Али Февзи

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Али Февзи, хуманитарец од Скопје.

На средбата Февзи го запозна претседателот Пендаровски со неговата иницијатива за донирање на поединци и семејства во социјален ризик, што беше интензивирана по почетокот на пандемијата на ковид-19.

Фото: Кабинет на претседател

Февзи својата хумана мисија ја започна преку донирање на намирници од сопствени средства, по што на неговата иницијатива се приклучија поединци и организации. Споделувајќи ги предизвиците со коишто се соочува во неговата активност, тој на средбата посочи дека бројот на поединците и семејствата на коишто им е потребна помош постојано се зголемува и поради тоа ја истакна потребата за зголемување на поддршката од други хумани граѓани, организации и институции.

Фото: Кабинет на претседател

Претседателот Пендаровски оддаде признание за  активизмот, хуманоста и солидарноста на Февзи и изрази очекување дека неговата работа ќе биде пример за други поединци, организации и општествено одговорни компании, согласно можностите, да помогнат на оние што се најмногу погодени од кризата по почетокот на пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот