ФОТО: Пелистер покажа „заби“, но Магдебург сепак со победа си замина од Битола
Maкедонскиот шампион Еуроофарм Пелистер го запишаа и седмиот пораз во ракометната Лига на шампиони откако вечерва во Битола, европскиот шампион Магдебург славеше со 31-26.
Препорачано
Магдебург како голем фаворит непоразен допатува во Битола и таа улога ја оправда на теренот каде што од првата до последната минута ја имаше контролата над натпреварот.

Отворија Германците со 0-2, а во продолжеие, иако Пелистер беше блиску најчесто на три или четири гола разлика, но и покрај тоа разликата во квалитетот беше очигледна, како ракометарите на европскиот шампион да играа толку колку што им е потребно за да ја одржуваат татквата предност. На пауза гостите заминаа со водство од 15-12.
Не се промени многу сликата и во второто полувреме, меѓутоа сега Германците најчесто водеа со пет-шест гола разлика. Не помогна ниту одличниот Митревски кој средбата веечерва ја заврши со одлични десет интервенции.

Најефикасни кај Пелистер беа Манасков и Радивојевиќ со по пет гола со тоа што Радивојевиќ беше без промашување, а ги следеше Кузмановски со четири. На спротивната страна Саугструп постигна шест гола.


