ФОТО | Пар се венчал во Ковид-болница по 46 години врска: Медицинските работници биле кумови и деверуши, а зад сè се крие тажна приказна

Фото: Фејсбук

Филип (78) и Патриша (88) од Велика Британија зад себе имаат веќе 46 години заеднички живот, а својата врска одлучиле да ја крунисаат со брак и тоа на несекојдневно место – во Универзитетската болница во Ковентри на одделението на кое Патриша во моментот се лекува од Ковид-19.

Венчавката е одржана откако работничката од болницата Џоана Шекспир на Твитер побара помош за наоѓање на матичар, а заедно со останатиот болнички персонал присуствуваше на чинот, па покрај колегите таа била и еден од сведоците, пишува „Гардијан“.


Една од докторките која е вработена во оваа болница, изјави дека парот планирал да се венча по пандемијата, но плановите се измениле поради здравствената состојба на Патриша. Патриша е во критична состојба, приклучена на кислород, а парот посакал да се венча со цел потоа да не биде предоцна.

Оваа необична венчавка ја објасни и портпаролот на Националната служба за заштита на здравјето:

„Можеби не се работи за венчавка за каква размислувале, но нашиот персонал се потруди многу церемонијата да им остане искуство кое нема да го заборават. Ја украсивме болничката соба, позајмивме прстени, доведовме медицински перснал за „деверуши“, но темелот на се всушност е нивната безвременска љубов. Ова попладне во нашта болница сигурно нема да го заборавиме. Ова е потресен потсетник дека за венчавката не се посебни ниту црквата, ниту букетите, ниту подароците, таа е спомен на трајната врска меѓу двајца луѓе“.

Фото: Фејсбук

Сите вработени од Универзитетската болница во Ковентри на Филип и Патриша им посакале среќа, а Џоана Шекспир на Твитер напиша дека е „многу среќна што учествувала во организацијата“.

Откако веста ја пренесоа и британските медиуми, илјадници британски граѓани му честитаа на парот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот