ФОТО | Пар од Англија прослави 81 година заеднички живот: Ја открија тајната на долгиот и среќен брак
Еден стогодишен пар од Англија прослави 81 година заеднички живот. Љубовната приказна на Дороти Волтер (103) и Тим Волтер (102) започнала во Саутемптон за време на Втората светска војна, кога тие имале само 18 години и работеле во фабрика за изработка на воени авиони, пишува „Би-би-си“.
Препорачано
Двојката, која сега живее заедно во дом за грижа и нега на стари лица во Вингам, Кент, се венчала на 21 година. Тие открија дека тајната на нивниот долг и успешен брак е тоа што никогаш не се расправаат, иако признале дека понекогаш имале различно мислење.
„Не можеме да веруваме дека се 81 година“, вели Тим Волтер.

„Се согласуваме, разговараме, никогаш не се расправаме“, вели Дороти.
По војната, двојката се преселила во Елмстоун и таму поминале 32 години како фармери. Тие исто така уживале во патувањата низ Европа со брод.

Во својот дом живееле до својата 101-годишна возраст, пред конечно да се преселат во домот за грижа и нега за стари лица во 2022 година. Тим и Дороти имаат две ќерки, два внуци и три правнуци.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
38мин
-
2час
-
2час
-
3час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


