ФОТО | Панчо од „ДНК“ со опинци на нозете и торбичка преку рамото го напушта главниот град: Во селата е душевниот мир и добрите луѓе

Instagram
Instagram

На својот инстаграм – профил Владимир Блажев – Панчо, дел од музичкото дуо „ДНК“ објави фотографија на која е облечен во народна носија.

Во селата е душевниот мир и добрите луѓе. Со напорна и чесна работа таму се и парите. Градот стана место на изопачени вредности со луѓе полни завист и омраза. Градот полека изумира, стои под објавата на Панчо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pancho | DNK (@djshortypofficial)

Како и сите музичари во нашата земја така и музичкото дуо „ДНК“ се засегнати од ситуацијата поради пандемијата на коронавирусот и веќе многу долг период немаат никакви настапи и ангажмани.

Но, и покрај кризата нивната хуманост повторно ја покажаа на дело и во овие тешки денови за македонската музичка сцена.

Неодамна, „ДНК“ стартуваа кампањата за поддршка и подигнување на свеста за македонската музика во време на пандемијата која потоа ја преточија во хумана мисија за помош на едно семејство кое го загуби својот татко и сопруг како последица од коронавирусот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pancho | DNK (@djshortypofficial)

На својот инстаграм – профил Панчо се обрати до јавноста:

Иако како „ДНК“ немаме приходи, оваа акција решивме делумно да биде од хуманитарен карактер и поголемиот дел од средствата да ги донираме на фамилии на кои тоа навистина им е потребно.

На почетокот, тоа не сакавме да го објавиме, туку сакавме да видиме дали и во колкав број би не поддржале чисто заради нас и нашата музика.

Денес со гордост ќе ви кажеме дека сите вие кои не поддржавте со купување на нашите ДНК изданија (преку 200) всушност сте дел од оваа приказна и финансиска помош што ја дадовме на г-ѓа Далиборка Кузмановска која за жал остана самохрана мајка на прекрасните Тино и Тео (1.5 и 5 години) кои го изгубија својот татко како последица од коронавирусот.

По оваа објава дуото ги покани своите фанови да донираат колку се во можност да му помогнат на ова семејство.

Андреја Ѓорѓиески и Владимир Блажев – Панчо го сочинуваат дуото „ДНК“ кои како артисти со претходно музичко искуство и образование започнуваат заедничка кариера во 2001 година кога и го промовираат првиот сингл со наслов „Девојка за везден“ за кој издадоа и видео запис.

Како дуо тие имаат бројни обожаватели на нивната музика во нашата земја и надвор од неа, а несомнено дамите се нивни најголеми фанови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот