Мајмунчето Панч и пребарувањето на неговото име на Гугл / Фото: Profimedia/Скриншот/Гугл

ФОТО | Панч го освои интернетот, пребарувањето на неговото име на Гугл ја преплавува страницата со срца

Необично дигитално изненадување ги воодушеви корисниците на Гугл ширум светот, откако пребарувањето на фразата „Панч мајмунот“ (Punch the monkey) накратко ја претвори почетната страница во анимација со шарени срца.

Наместо вообичаени резултати, екранот се исполнува со светли, графити-стилизирани срца и симболични икони, во чест на најновата интернет-сензација – седуммесечното јапонско макаки мајмунче Панч.

Фото: Скриншот/Гугл

Малото мајмунче е родено во јули 2025 година во зоолошката градина во Ичикава, но веднаш по раѓањето било напуштено од мајката. Посетител на зоолошката градина ја забележал ситуацијата и ги алармирал вработените. Бидејќи младенчињата од овој вид природно се држат цврсто за мајките во првите месеци од животот, негувателите морале итно да интервенираат за да му обезбедат чувство на сигурност.

По неколку обиди со различни предмети за утеха, тимот се одлучил за плишана играчка во форма на орангутан, која Панч оттогаш постојано ја носи со себе. Токму трогателните снимки од мајмунчето што ја прегрнува и влече својата омилена играчка, иако е поголема од него, предизвикаа лавина реакции на социјалните мрежи и милиони споделувања.

ВИДЕО | Трогателна приказна од Јапонија: Мајмунче си најде утеха во плишена играчка откако мајка му го напушти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот