ФОТО | Православни се: Овие холивудски ѕвезди денеска слават Велигден

Ким Кардашијан/ Наоми Кемпбел/ Џенифер Анистон/ Џон Стамос/Фото: Инстаграм/EPA-EFE/MIKE NELSON/ Профимедиа/Flickr

Холивудскиот актер Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон пред неколку години станаа државјани на Грција, со што се пофалија на социјалните мрежи, а малку е познато дека Рита има грчко потекло, а актерот поради неа ја прифатил православната вера.

Ова секако не е изолиран случај меѓу холивудските и светските ѕвезди. Всушност, многу светски ѕвезди се од православна вероисповед. Некои се родени во православно семејство, а некои доброволно преминале во православна вера.

Том Хенкс

Фото: Профимедиа

Кога се оженил со колешката Рита Вилсон, Хенкс решил да стане православен. Таткото на Рита е од Бугарија, додека нејзината мајка е Гркинка, по потекло од Албанија.

„Мислам дека православието е моето духовно наследство. Се оженив во истата црква каде што беше крстена мојата сопруга и каде што беа крстени нашите деца“, изјавил во една прилика Том.

Џејмс Белуши

Џејмс Белуши/Фот: Wikimedia Commons

Џејмс Адам Белуши е роден во Чикаго, а неговите родители емигрирале од албанско село недалеку од границата со Грција. Џејмс е припадник на Албанската православна црква и е горд на своите корени.

Инаку, актерот редовно ја посетувал Српската православна црква во Лос Анџелес со своето семејство во текот на 1980-тите, пред да ја поддржи независноста на Косово кон крајот на 1990-тите.

Џенифер Анистон

Фото: EPA-EFE/DAVID SWANSON

Актерката Џенифер Анистон го наследила православното христијанство од нејзиниот татко Џон Анистон. Таткото на Џенифер е роден како Јанис Анастасакис на Крит. Актерката давала и многу добротворни донации на црквата под покровителство на Вселенската патријаршија.

Наоми Кемпбел

Наоми Кемпбел
Наоми Кемпбел / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Манекенката Наоми Кемпбел станала православен верник во руската православна црква додека била во врска со рускиот тајкун Владислав Доронин.

Ким Кардашијан

ким кардашијан
Ким Кардашијан / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан е родена во Лос Анџелес, но има ерменско потекло, четврта генерација емигранти од Ерменија од страна на татко и, а нејзините предци живееле на територијата на која се наоѓа денешна Турција. Ким неколкупати досега ги честитала православните празници преку социјалните мрежи.

Д’ Викенд

Instagram
Фото: Инстаграм

Познатиот пејач Д’ Викенд го одгледале мајката и бабата откако неговите родители се развеле. А, во една прилика истакнал дека како дете често одел со баба му на богослужби во етиопската православна црква Тевахедо.

Мила Јововиќ

Фото: Инстаграм

Милица Богдановна Јововиќ е родена во Киев, од мајка Галина Логинова, поранешна руска актерка и Богдан Јововиќ, српски лекар. Мила и својата ќерка ја крстила во Руската православна црква во Лос Анџелес.

Џон Стамос

Фото: Wikimedia Commons

Американски актер има грчко потекло. Тој е познат по улогата на Џеси во ТВ серијата „Full House“.

Холивуд и денес го слави Божиќ: Светски sвезди кои се православни

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот