ФОТО | Рецепти за 3 најубави колачи од тетратката на баба: Во Југославија беа задолжителен дел од трпезата за секој празник
Аромите на ореви, ванила и чоколадо некогаш го обележувале секој празничен настан. Во време кога рецептите внимателно се запишувале во тетратки и се пренесувале од генерација на генерација, се создавале колачи кои и денес се синоним за домашна кујна. Ве враќаме во времето кога колачите од тетратката на вашата баба ја краселе секоја трпеза, можеби и вие самите сте пораснале со некои од тие деликатеси.
Препорачано
Ви донесуваме три старински рецепти што ги краселе трпезите низ цела поранешна Југославија, особено за време на големите празници како што е Велигден. Цела Југославија мирисала на овие вкусни десерти. Секоја домаќинка во Југославија знаела да ги подготви, а децата не можеле да им одолеат.
Кох
Состојки:
– 5 јајца
– 13 лажици шеќер
– 10 лажици гриз – 1 литар млеко
– 2 ќесички ванилин шеќер
Подготовка:
Одделете ги белките од жолчките, а потоа изматете ги белките во цврст снег. Во белките додајте 10 лажици шеќер, па матете уште малку. Потоа додајте го жолчките и гризот полека мешајќи со миксер на најмала брзина. Подмачкајте го плехот, па посипете го гризот, па сипете ја смесата и печете на 200 степени 20 минути. Кохот е печен кога ќе порумени и ќе почне да се одвојува од рабовите на плехот.
Додека се пече кохот, сварете го млекото со 3 лажици шеќер и ванилин шеќер. Ако сакате кохот да биде посочен, користете литар ипол млеко и додајте уште 3 лажици шеќер. Испечениот кох, со кутлача преливајте го со топло млеко (никако не сипете сè одеднаш). Послужете кога ќе се излади и кога ќе го впие целото млеко.

Шненокли
Состојки:
– 4 јајца (да се одвојат жолчката и белката)
– 100 грама шеќер
– околу 2 литри млеко
– 1,5 лажици брашно (или густин)
– 1 лажичка екстракт од ванила
– 2 ќесички ванилин шеќер
Подготовка:
Со миксер изматете ги белките во цврста смеса. Сипете го млекото во длабоко тенџере, додајте го екстрактот од ванила и оставете да зоврие. Кога млекото ќе зоврие, намалете ја температурата, па со лажица вадете ги изматените белки и внимателно спуштете ги во врелото млеко. Шненоклите варете ги по 1,5 минута од секоја страна, па извадете ги од млекото и наредете ги во сад.
Крем за шненокли
Изматете ги жолчките и шеќерот, па во таа смеса додајте густин и брашно и 2 лажици млеко во кое се вареле шненоклите и сè убаво измешајте. Млекото во кое се вареле шненоклите ставете го повторно да врие, а температурата намалете ја. Полека додавајте ја смесата со жолчките со постојано мешање и сè заедно варете до згуснување.
Кога смесата ќе згусне, тргнете ја од шпоретот и оставете малку да се излади. Кога преливот ќе се излади, прелијте го врз шненоклите.
Чувајте го колачот во фрижидер.

Слатки кнедли со сливи (гомбоци)
Состојки:
– 500 грама компири
– 50 грама пченичен гриз
– 100 грама полубело пченично брашно
– малку сол
– 1 прашок за печиво
– 1 јајце
– сливи
– 2 лажици масло
– 12-14 големи лажици презла
– 6-8 лажици шеќер
Подготовка:
Сварете ги компирите. Изладете ги, излупете ги и ставете ги во длабок сад, па испасирајте ги со вилушка. Додадете ги гризот, брашното, прашокот за пециво, јајцето и солта. Со раце замесете го тестото да биде меко, а ако има потреба додадете уште малку брашно. со раката преваете топчиња, сплескајте ги и во средината на секое ставете цела слива, па затворете го топчето.
Во длабок сад сатавете вода да зовие. Во зовриена вода ставајте ги кнедлите и варете десетина минути, или додека кнедлите не почнат да лебдат на површината. Кога ќе излезат на површина, варете ги уште 2-3 минути.
Загрејте го маслото во тава, додајте ја презлата и запржете ја. Кога ќе поцрвени, тргнете ја смесата на страна, додајте го шеќерот и убаво измешајте. Во оваа смеса извалкајте ги кнедлите, па послужете ги.



