ФОТО | Ова е вистинскиот живот на Лила Филиповска, го покажа во само две слики
Со две интересни слики Лила Филиповска го опиша својот живот – од сите страни.
Препорачано
Познатата македонска водителка и инфлуенсерка на својот инстаграм-профил сподели две фотографии кои, според нејзините зборови, совршено го опишуваат нејзиниот живот, распнат помеѓу блесокот на рефлекторите и најобичните секојдневни обврски.
„Мојот живот во две слики“, сподели Лила на Инстаграм.
Првата фотографија ја прикажува во нејзиното „природно издание“ како голема ѕвезда. Опкружена со бројни камери, светкави блицови и фанови кои со мобилни телефони се обидуваат да го уловат нејзиниот лик, таа позира со чаша вино, смирена и во свој елемент. Ова е сликата што јавноста ја знае – гламурозната Лила, секогаш средена и секогаш во центарот на вниманието.

Втората фотографија е подеднакво уникатна. На неа, Лила е снимена од грб додека турка количка низ ходниците на супермаркет. Иако е облечена во впечатлив светкав фустан и високи потпетици, сликата ја прикажува реалноста на секоја жена – пазарење намирници помеѓу два ангажмана.

Со краткиот опис на фотографиите, Лила испрати силна порака за своето секојдневие. На првата слика е јавниот живот, славата и успехот, а на втората – реалноста и обврските, светот во кој таа пазарува како и сите други.
Оваа објава е уште еден доказ дека зад сјајот и гламурот стои жена која цврсто стои на земја и не се срами да ги покаже двете страни на својот живот. Лила со објавата како да порачува дека животот не е само позирање, туку и полнење на количката.
ФОТО | Лила сподели нови детали од борбата со ракот: „Никогаш не верував…“


