Сузана Турунџиева - Фото: Facebook

ФOTО | Oткако ја победи болеста, Сузана Турунџиева проговори за внатрешната борба, духовната сила и за важноста на љубовта кон себе

Нашата позната водителка и поетеса Сузана Турунџиева на својот фејсбук-профил сподели искрена и длабоко емотивна порака што допре до многумина. Во неа таа зборува за тивката, но интензивна внатрешна борба со сопствените стравови и слабости, за значењето на духовната сила која не поддржува во најтешките моменти, како и за неизмерната важност на љубовта и почитувањето кон себе.

Пораката потсетува дека вистинската среќа и мирот започнуваат со разбирање, прифаќање и грижа за нашата душа.

„Многу често се опседнуваме со нашиот физички изглед, со нашата надворешност, не размислувајќи дека е речиси невозможно да ја камуфлираме нашата руинирана емотивна состојба, незадоволство, празнина и духовна сиромаштија … Сте знаеле ли дека кога доживуваме социјално отфрлање се активираат истите рецептори како и кога доживуваме физичка повреда? Исто така, разделбата или одврзувањето од некои луѓе, ситуации и периоди може да предизвика болка идентична на онаа кога ќе скршиме рака или нога. Скршените очекувања најмногу болат … до толку што се отвораат ’живи рани‘. Тие оставаат ’лузни‘ исто како и надворешните повреди, само што таквите лузни се невидливи. Не дозволувај да си полн(а) со празнотија … Не дозволувај сам(а) да си отвораш живи рани. Наместо да го растеш гневот, одгледувај љубов. Научи да нурнеш длабоко во себе, да се доближиш до Бога, кој ќе ти ги „залеми“ сите лузни што некој или нешто ти ги предизвикало и ќе те научи да се засакаш и почитуваш себеси … Не е себично, неопходно е!“

Со овие зборови Турунџиева потсетува дека внатрешниот мир и духовното здравје се најважни, а љубовта кон себе не е знак на себичност, туку на зрелост и сила.

Нејзината порака доаѓа по еден тежок, но победнички период во нејзиниот живот, во кој храбро ја совлада тешката болест и повторно застана на нозе со нова енергија и благодарност кон животот.

Со своите искрени мисли и инспиративни зборови, Сузана уште еднаш докажа дека силата не се мери по тоа колку можеме да издржиме, туку по тоа колку сме подготвени да се промениме, да простиме и да продолжиме да љубиме.

 

Разговор со Сузана Турунџиева: Ја победив лошата дијагноза и сега живеам нов живот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот