Дмитриј Песков со сопругата Татјана Навка/Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Олимписката шампионка Навка објави романтични фотографии со портпаролот на Владимир Путин

Олимписката шампионка во танцување на мраз, Татјана Навка, објави ретки фотографии со својот сопруг, Дмитриј Песков, портпарол на претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.

Вљубената двојка објавила серија романтични фотографии направени во фотостудио. Татјана е фотографирана во нежната прегратка на својот сопруг.

 

Дмитриј Песков со сопругата Татјана Навка/Фото: Принтскрин/Инстаграм

„Иако 14 февруари не се смета за руски празник, верувам дека овој ден на љубовта треба да се слави што е можно почесто, а идеално, секој ден. Децата се раѓаат од љубов, а со љубов можете да надминете и да постигнете сè на овој свет! Грижете се еден за друг, ценете го и заштитете го она што е светло и вечно за вас. Љубовта владее со светот“, напиша познатата Русинка.

Нејзиниот брак со Дмитриј Песков е втор за Татјана Навка. Од 2000 до 2010 година, лизгачката беше во брак со својот тренер, светскиот шампион во танцување на мраз Александар Жулин. Тие ја добија ќерката Александра, која стана пејачка и настапува под сценското име Алекса.

Татјана Навка/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Навка го запозна Песков по разводот од Жулин во 2010 година, на роденденската забава на заеднички пријател. Во 2014 година, двојката ја добија ќерката, Надежда.

Дмитриј Песков со сопругата Татјана Навка/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Татјана и Дмитриј официјално се венчаа во 2015 година. Татјана го прослави својот 50-ти роденден минатата година, а Владимир Путин ѝ го честиташе. 

Татјана е повеќекратна светска и европска шампионка, а исто така и олимписка шампионка од 2006 година.

 

Дмитриј Песков и сопругата Татјана Навка со ќерката/Фото: Принтскрин/Инстаграм

 

Ќерката на Песков живее луксузен живот и покрај санкциите

Песков: Ни Русија ни САД нема да разговараат со Калас, ќе почекаме да си оди

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот