ФОТО: Одржано првото Национално првенство во кикбокс, Шампион најуспешен

фото: КМФМ

Кикбокс клубот Шампион е најуспешниот клуб на Првото национално кикбокс првенство кое се одржа изминатиот викенд во Арената „Борис Трајковски“ во организација на Кик бокс маитаи федерација на Македонија (КМФМ.

фото: КМФМ

На првенството за сите висрасни категории, учествуваа 184 кикбоксери од 24 клубови кои се натпреваруваа во татами – кик лајт, ринг– лоу кик и К1, а најдобриот клуб Шампион освои 22 златни од вкупно 29 медали.

фото: КМФМ
фото: КМФМ

Второпласиран е КБК Гладијатор од Скопје со освоени 20 златни од вкупно 27 медалир. На третото место е КБК Будо од Кавадарци со пет златни од вкупно 12 освоени медали.

фото: КМФМ
фото: КМФМ

Во склоп на првенството се одржа и подготвителен судиски семинар за судиите на татами и ринг и тренерски семинар. Одржувањето на првенството го помогнаа и Агенцијата за млади и спорт, Карате федерацијата на Македонија, како и неколку домашни компании од приватниот сектор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот