ФОТО | Новиот пролетен тренд: Маникир кој е измислен специјално за Џенифер Лопез

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Џенифер Лопез речиси секогаш за своите нокти избира еднобојни лакови и постојано ги одржува со средна должина. Меѓутоа, во рамките на стајлингот, кој го подготви за доделувањето на наградите „iHeartRadio Music Awards“ таа одлучи малку да експериментира кога станува збор за маникирот.

И овој пат за средувањето на ноктите на познатата ѕвезда беше задолжен Том Бечик. Имено станува збор за многу елегантен, но аполутно тренди минималистички маникир со дополнителни детали, кои го прават навистина посебен.

Во склад со актуелностите, ноктите се издолжни и со овален облик, врамени во бела боја. Подлогата е природна, но тенкиот златен набор го прави интересен, креирајќи ефект на вистински скапоцен камен.


Францускиот маникир се уште е вистинскиот избор, но доработен во однос на традиционалноста, која се состоеше од квадратестиот облик и едноставната бела завршница.

Сакате барем за момент да се почувствувате како Џеј Ло, тогаш меморирајте ја оваа фотографија и при следната посета на маникир искористете ја токму оваа елегантна и префинета верзија. Тој е вистински пролетен тренд, кој ги носат многу дами.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот