ФОТО: Новак Ѓоковиќ на победничкиот подиум и олимпиското злато

фото: EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

Новак Ѓоковиќ по освојувањето на титулата на Олимписките игри во Париз, моментот на доделување на златниот медал го дочека со насмевка на лицето.

Српскиот тенисер во спектакуларен меч беше подобар од Карлос Алкараз (Шпанија) и со 7:6, 7:6 стигна до првото злато во кариерата на Олимписките игри.

На крајот од мечот, на победничкиот подиум им се придружи и Лоренцо Музети од Италија, кој го победи Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим со 6:4, 1:6, 6:3.

Откако Ѓоковиќ го имаше златниот олимписки медал околу вратот, следуваше моментот кој го чекаше цела кариера, кога од највисокото скалило на победничкиот подиум на Олимписките игри ја слушаше химната на Србија.

Ѓоковиќ не можеше да ги задржи солзите по мечот, го прослави овој голем успех со најблиските и тимот.

фото: EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG
фото: EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG
фото: EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG
фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот