Ѓоковиќ го освои златниот медал во Париз: Олимписки шампион за круна на блескавата кариера

фото: EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

Олимписко финале за паметење и историско злато за најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е новиот олимписки шампион. Ноле го освои првото олимписко злато во својата неверојатна кариера денеска во спектакуларно финале во Париз против шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, по помалку од три часа борба.

Ѓоковиќ победи со 2:0, во сетови 7:6 (7:3) и 7:6 (7:2) и со тоа го освои олимпиското злато во доцните играчки години, што му избега на претходните четири олимписки турнири.

Ѓоковиќ во тајбрејкот од првиот сет успеа да го скрши отпорот на Алкараз, кој во текот на првиот дел имаше дури осум брејк топки, но не искористи ниту една.

Особено впечатлив беше деветиот гем, при резултат 4-4, во кој Ѓоковиќ спаси сè што можеше да се спаси, кога одбрани дури пет брејк топки.

Тенисот со врвен квалитет продолжи до крајот, Ѓоковиќ покажа повеќе во тајбрејкот кој го доби со 7-3. Слично беше и во вториот сет, во тај-брејкот Ѓоковиќ повторно беше подобар овојпат со 7-2.

Ова воедно е втор златен медал за Србија на актуелните Олимписки игри во Париз, претходно со злато се закитија стрелците Зорана Аруновиќ и Дамир Микец во мешани двојки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот